Советниците и помошниците на Трамп положија заклетва во Белата куќа

23.01.2017 10:49

Трамп им порача на службениците дека нивната работа ќе биде многу важна за земјата, најавувајќи значајни проекти за два мандата, очекувајќи повторна победа на изборите во 2020 година.

Околу 30 советници и помошници на американскиот претседател Доналд Трамп положија заклетва во Белата куќа.

Трамп им порача на службениците дека нивната работа ќе биде многу важна за земјата, најавувајќи значајни проекти за два мандата, очекувајќи повторна победа на изборите во 2020 година.

Рајнс Прибас ќе биде шеф на претседателскиот кабинет, Келијан Конвеј постар советник, Стивен Бенон ќе ја извршува функцијата главен стратег, а Шон Спајсер ќе биде портпарол на Белата куќа.