Белфаст: Полицаец ранет во терористички напад
23.01.2017 11:47
Северна Ирска се справува со политичка криза.

Северноирски полицаец е ранет од огнено оружје во Белфаст во терористички напад. Властите приведоа 36-годишен маж осомничен за инцидентот.
Северна Ирска се справува со политичка криза. Во британскиот регион ќе се одржат избори во март по распадот на коалицијата меѓу ирските националисти од Шин Фејн и Демократската унионистичка партија.
