Нов систем за евиденција на дрвната маса
Почна да функционира новиот систем на евиденција на дрвна маса. Со електронскиот начин на следење на дрвото од шумата до крајниот потрошувач се подобрува целиот систем, велат од „Македонски шуми“. Се намалува можноста за манипулации и кражби.

Почна да функционира новиот систем на евиденција на дрвна маса. Со 300 мобилни персонални компјутери електронски ќе се следи сечата од шумата до крајниот потрошувач. Со ова ќе се намали можноста за манипулации и кражби велат од „Македонски шуми“. Вработените преку системот ќе ја внесуваат количината на исечената дрвна маса на истиот начин ќе се врши продажбата со што ќе се следи целиот процес. Инвестицијата е вредна 32,5 милиони денари.
Според Караџоски, електронскиот систем ќе стави ред во работењето, а придобивка ќе имаат граѓаните зашто испораката на дрвната маса ќе биде побрза, навремена и квалитетна. Податоците кои ќе се внесат во софтверот, ќе бидат достапни и за инспекторатот и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Од „Македонски шуми“ информираат дека во тек е електронскиот јавен повик за огревно дрво. Претпријатието ланската година ја завршило со прилив од 1,8 милијарди денари.
Дијана Ценевска
