Жолтата грозница усмрти 40 луѓе во Бразил

26.01.2017 11:35

За ова заболување постои вакцина и доколку не се превенира може да предизвика и откажување на работата на бубрезите и крвавење.

Бразил е во опасност од епидемија на жолта треска која во последниве два месеца усмрти 40 луѓе, што е рекорден број жртви од вирусот во последните 14 години.

За ова заболување постои вакцина и доколку не се превенира може да предизвика и откажување на работата на бубрезите и крвавење.

Жолтата треска ја пренесуваат мајмуните, а кај луѓето може да се јави и преку убод од комарец.