Најстудено во Тетово, најмногу снег во Маврово
30.01.2017 09:55
Стабилно и суво во наредните денови, облачно со сончеви периоди и магла во котлините...

Тетово беше најстудениот град во земјава со минус 13 целзиусови степени. Во Скопје се измерени минус 8, температурата во живата над нулата беше само во Струмица, Охрид, Гевгелија и во Дојран, од 1 до 2 степена.
И натаму највисока снежна покривка од 60 сантиметри има во Маврово, кај Свети Николе 40-тина сантиметри, во Битола 23, а Демир Капија 17.
Стабилно и суво во наредните денови, облачно со сончеви периоди и магла во котлините. Локален дожд и пораст на температурата в четврток и в петок, велат во УХМР.