Потреба од соодветен стручен кадар

30.01.2017 10:11

Стопанството бара стручен кадар од образовниот систем. Недостигаат соодветни профили во градежништвото, во управувањето со машини, во занаетчиските дејности.

Стопанствениците бараат стручен кадар и занаетчиски остручени лица за да понудат квалитет и добро завршена работа. Посебно, градежниците се жалаат од недостиг на мајсторска, квалитетна работна рака.

Се бараат стручни кадри во градежништвото, во управувањето со машини, во сметководството, туристички работници, во интернет технолгијата, странските јазици. Образовниот систем треба да се менува кога се во прашање стручните кадри. Во ваквата ситуација, Агенцијата за вработување вели дека се обидува со обуки да му ги понуди дефицитарните кадри на стопанството. За две години заинтересирала 104 правни субјекти за 56 дефицитарни занимања.

Општините најавуваат дека ќе работат со стручните училишта за продукција на квалитетни кадри.

Фирмите инсистираат - македонскиот образовен систем што поскоро да му понуди стручна работна рака на стопанството.

 

Елизабета Митреска