Асанж бара гаранции од САД

30.01.2017 12:00

Според „Индипендент“, Асанж би можел да се согласи да замине во САД, само ако добие гаранции од американското Минисерство за правда.

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж го прекрши ветувањето дека ќе ја напушти амбасадата на Евкадор во Лондон доколку САД го помилуваат војникот Челси Менинг.

Според „Индипендент“, Асанж би можел да се согласи да замине во САД, само ако добие гаранции од американското Минисерство за правда.

Тој претстојува во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска, кадешто е осомничен за наводно силување.