Зголемување на капацитетите на Државниот завод за статистика
30.01.2017 12:07
Главната цел е зајакнување на капацитетите на Државниот завод за статистика за да произведува исцрпни и споредливи статистички податоци.

Почна твининг проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење капацитети и унапредување на усогласеноста со стандардите на ЕУ“, финансиран од Европската унија. Главната цел е зајакнување на капацитетите на Државниот завод за статистика за да произведува исцрпни и споредливи статистички податоци.
Европските експерти посочуваат дека статистичарите мора да работат независно и да ги споделуваат податоците во исто време со сите институции, избегнувајќи ги на тој начин политичките влијанија.
Проектот ќе трае 19 месеци со буџет од близу 750 илјади евра.
