Обновени судирите во Украина, загинаа пет војници

30.01.2017 13:11

Властите на самопрогласената Доњецка Народна Република, соопштија дека од гранатирањето е направена значителна штета врз цивилната инфраструктура и дека неколку села и населби во градот Доњецк ...

Најмалку пет украински војници загинале, а деветмина биле повредени во најновите судири во источниот дел на Украина.

Властите на самопрогласената Доњецка Народна Република, соопштија дека од гранатирањето е направена значителна штета врз цивилната инфраструктура и дека неколку села и населби во градот Доњецк останале без електрична енергија, како и дека е прекината испораката на гас.

Според податоците на ОН за човекови права, од почетокот на судирите во Украина во 2014 година загинале повеќе од 9.600 лица.