Почна најголемиот судски процес во историјата на Турција
30.01.2017 15:29
Во процесот се обвинети 270 луѓе, а во отсуство ќе му се суди и на наводниот иницијатор на пучот, исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Во Турција денеска почна најголемиот судски процес во историјата на земјата на лица обвинети за вмешаност во неуспешниот државен удар од јули минатата година, чија цел беше соборување од власт на претседателот Ердоган.
Во процесот се обвинети 270 луѓе, а во отсуство ќе му се суди и на наводниот иницијатор на пучот, исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Се очекува судскиот процес да трае околу два месеца, а осомничените се соочуваат со казна доживотен затвор, доколку биде докажана нивната вина.
