Двојно намален бројт на болни од грип
02.02.2017 12:22
Оваа недела најмногу грипосени се регистрирани во Охрид, Прилеп и Скопје.

Двојно е намален бројот на болни од грип во земјава. Минатата недела биле пријавени 1.200 новозаболени, најголем дел од нив се лица од 15 до 64 години- покажуваат извештајот на Институтот за јавно здравје.
Оваа недела најмногу грипосени се регистрирани во Охрид, Прилеп и Скопје. Според епидемиолозите сезоната на грип е сѐ уште активна и не може да се исклучи евентуално зголемување на бројот на случаи, но со помал интензитет.
Од почетокот на сезоната од вирусот се разболеа 32.931 граѓани, две деца на возраст од три и четири години починаа од компликации предизвикани од грипот.
