Продолжува блокадата на грчките земјоделци на преминот Евзони
03.02.2017 08:40
Сообраќајот во двата правца поради протест на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, од грчка страна, е во прекин од 30 јануари 2017 година.

Блокадата на граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница, продоложува и денеска. Сообраќајот во двата правца поради протест на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, од грчка страна, е во прекин од 30 јануари 2017 година.
Подолги задржувања на другите гранични премини за влез и излез од државата нема, освен на граничниот премин Богородица.
