Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова
Неделкова поднесе тужба до Управниот суд откако советот не ги прифати нејзините приговори на оценувањето бидејќи Судскиот совет не ги зел предвид нејзините објавени научни трудови.

Управниот суд ja одби тужбата на судијката Лидија Неделкова за повторување на вонредното оценување на Судскиот совет. Судот го одбил и барањето за времена мерка за стопирање на изборот на претседател на Врховниот суд. Според тоа, Судскиот совет постапката за избор на претседател на највисокиот суд ќе ја продолжи натаму.
Неделкова поднесе тужба до Управниот суд откако советот не ги прифати нејзините приговори на оценувањето бидејќи Судскиот совет не ги зел предвид нејзините објавени научни трудови.
Во трката за Врховен се в.д. претседателката Снежана Бајлозова, поранешниот претседател Јово Вангеловски и судијката Беса Адеми.
Судскиот совет не ја заврши постапката за избор и нема закажано седница за избор на претседателите на Врховен и на Кривичниот суд.
