МНР: Соседите да се занимаваат со своите проблеми, не со Македонија
МНР му одговори на албанскиот премиер, Еди Рама, кој за тамошен медиум изјави дека не е важно кој ќе формира влада, туку е важна албанската платформа.

Македонското Министерство за надворешни работи му одговори на албанскиот премиер, Еди Рама, кој за тамошен медиум изјави дека не е важно кој ќе формира влада, туку е важна албанската платформа.
Од нашето МНР велат дека соседите треба да се занимаваат со своите проблеми, а не со Македонија, бидејќи тука има избрани претставници од граѓаните и тие се единствените легитимни фактори во носењето одлуки.
„Политичарите од соседството кои упорно се обидуваат да го оттргнат вниманието од проблемите дома, со потпалување оган кај соседи одат спротивно на европските вредности. Секако дека им е најпривлечно да се занимаваат со соседни земји во услови кога тешко им оди со реалните потреби на граѓаните во сопствената земја. Сепак, за сите ќе биде најдобро да се посветат на реформите што им се толку многу потребни пред да мечтаат за лидерство и да креираат поделби во регионот“- се вели во реакцијата од македонското Министерство за надворешни работи.
