Метео: Променливо облачно за време на викендот
03.02.2017 14:56
На повеќе места се очекуваат и слаби врнежи од дожд кои во западните региони се можни со повремено умерен интензитет.

Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со магла по одделни котлини каде што и температурите ќе бидат малку пониски, на повеќе места се очекуваат и слаби врнежи од дожд кои во западните региони се можни со повремено умерен интензитет.
На повисоките планини ќе има услови за слаб снег. Максималната температура на југоисток утре ќе достигне до 13, а во недела до 15 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска