МНР побара став од Вашингтон за изјавите на конгресменот Рохрабакер
Неговите ставови предизвикаа вознемиреност во Македонија и во регионот и разгоруваат националистичка реторика во соседството, со што не враќаат во минатото, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи.

МНР побара став од Вашингтон за изјавите на конгресменот Дана Рохрабакер изнесени во интервју за „Визион плус“ од Тирана. Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи.
Неговите ставови предизвикаа вознемиреност во Македонија и во регионот и разгоруваат националистичка реторика во соседството, со што не враќаат во минатото, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи.
Изразуваат уверување дека Стејт Департментот, соодветнo ќе отстрани секаква дилема околу изнесените позиции. Рохрабакер во интервјуто, меѓу другото рече, дека создавањето на Македонија е пропаднат проект, и оти сега се создадени сите околности да се подели меѓу соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Бугарија.
