УХМР: Се зголемуваат водостоите на реките

07.02.2017 10:48

Според УХМР, нивото на водостојот на Вардар е зголемено на сите мерни точки во споредба со просечното ниво за февруари, а најмногу кај Скопје

Водостоите на сите водотеци во Македонија се во тренд на покачување како последица од топењето на снегот и поинтензитивните температури на воздухот проследени со врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од Управата предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

Според УХМР, нивото на водостојот на Вардар е зголемено на сите мерни точки во споредба со просечното ниво за февруари, а најмногу кај Скопје. Најголемо зголемување на водостојот имаат реките Треска и Црна Река, а намалување на нивото во однос на вообичаеното единствено има Црни Дрим и тоа за повеќе од  еден метар.