Бесплатен јавен превоз во Скопје

07.02.2017 11:39

Превозот ќе биде бесплатен сѐ додека аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво.

Град Скопје воведe бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје сѐ до моментот на намалување на аерозагадувањето.

Превозот ќе биде бесплатен сѐ додека аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво.

Град Скопје заедно со општините ќе ја интензивира контролата на градилиштата и  ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари.

Овие мерки и препораките кои ги донесе градоначалникот на Град Скопје се во согласност со Законот за намалување на амбиенталниот воздух и во рамки на ингеренциите што ги има.