Се воведува нов систем за рано предупредување од опасни појави

07.02.2017 13:01

Преку виртуелна платформа, ќе се добиваат точни прогнози и предупредувања. Ќе се овозможи подобро справување со поплавите, сушите и топлотните бранови кои често го погодуваат регионот на Југоисточна Европа.

Се воведува нов прекуграничен систем за рано алармирање за повеќе опасни појави. Преку виртуелна платформа, ќе се добиваат точни прогнози и предупредувања. Ќе се овозможи подобро справување со поплавите, сушите и топлотните бранови кои често го погодуваат регионот на Југоисточна Европа.

„Се работи за систем- софтвер преку кој големите сервиси им помагаат на малите сервиси во однос на предупредување од разни катастрофални појави. Не се мисли само на брзи поплави, туку на катастофи од типот на пожари, временски непогоди блиску до морето и слично“, изјави директорот на УХМР, Оливер Ромевски.

Со ситемот се добиваат нови продукти од светските центри кои досега ги немале некои национални служби. Се добива заедничка платформа на исти или слични информации кои, така што сите земји ќе ги имаат информациите како и најјаките метеролошки служби.

Од УХМР иформираат дека водотеците во Македонија се во тренд на покачување како последица од топењето на снегот, дождовите и поинтензивните температури.