Граѓаните најмногу бараат станбени и потрошувачки кредити

08.02.2017 10:53

Според одговорите од банките, кај претпријатијата се исто така олеснети, а побарувачката е зголемена, но двојно послаба од претходната анкета на банкарите.

Условите за кредитирање во четвртиот квартал кај населението се олеснети, а побарувачката е зголемена за станбени и потрошувачки кредити, покажува анкетата на НБРМ во која учествувале 14 банки.

Според одговорите од банките, кај претпријатијата се исто така олеснети, а побарувачката е зголемена, но двојно послаба од претходната анкета на банкарите.

Анкетата покажува дека претпријатијата барале помалку кредити во споредба со очекувањата, а побавувачката кај населението е во рамки на очекувањата.

За првиот квартал од годината банките очекуваат да се задржи динамиката за олеснување на условите за крердити, а побарувачката за кредити да биде зголемена и кај претпријатијата и кај населението.