ЕЛЕМ: Производството на струја во јануари натрфлено за 8,61 проценти

08.02.2017 12:57

Од компанијата информираат дека поради екстремно ниските температури, потрошувачката била значително повисока, но сите потреби биле задоволени.

Производството на електрична енергија во јануари е натфрлено за 8,61 проценти, соопштија од Електрани на Македонија. Од компанијата информираат дека поради екстремно ниските температури, потрошувачката била значително повисока, но сите потреби биле задоволени.

90 проценти од потребите се обезбедени од домашните производствени капацитети, а 10 преку увоз. Во вкупно произведените количини електрична енергија, најголем удел имале термоенергетските постројки со 68 проценти, 30 отсто од енергијата е обезбедена од хидроелектраните, а 2 само два процента се произведени од ветер.