Долниот дом на британскиот Парламент го одобри Брегзит
Законот оди во Горниот Дом, кој има моќ да го одложи, но не и да го блокира. Пратениците се обидоа да внесат амандамани со кои се гарантира поголема улога на Парламентот во процесот за Брегзит и во преговорите со преостанатите 27 земји од Унијата.

Со убедливо мнозинство од 494 за и 122 пратеници против, Долниот Дом на британскиот Парламент го усвои предлог-законот со кој конзервативната влада на премиерката Тереза Меј се овластува да започне преговори за излез од ЕУ.
Законот оди во Горниот Дом, кој има моќ да го одложи, но не и да го блокира. Пратениците се обидоа да внесат амандамани со кои се гарантира поголема улога на Парламентот во процесот за Брегзит и во преговорите со преостанатите 27 земји од Унијата.
Владата очекува законот да помине во Парламентот до почетокот на идниот месец за да може да го почне процесот за напуштање на блокот до 31 март, како што најави Меј.
Предлог-законот беше поднесен во Парламентот, откако Владата беше принудена на тоа со одлука на Врховниот суд во јануари.
