Шефот на ЦИА во посета на Турција

09.02.2017 10:51

Планирани се разговори за безбедносни прашања, вклучувајќи ја и борбата на Турција против движењето предводено од имамот Ѓулен, обвинет за организирање на неуспешниот пуч лани.

Директорот на американската Централна разузнавачка служба (ЦИА) Мајк Помпео е во посета на Турција.

Планирани се разговори за безбедносни прашања, вклучувајќи ја и борбата на Турција против движењето предводено од имамот Ѓулен, обвинет за организирање на неуспешниот пуч лани.

Меѓу поважните теми ќе биде и курдската група во Сирија, која според Анкара, е терористичка.