Судскиот процес „Диво насеље“ повторно отворен за јавноста

09.02.2017 12:04

Според информациите, се сослушуваат последните сведоци предложени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Од следното рочиште се очекува одбраната да почне со изведување на доказите.

Судскиот процес за настаните од 9-ти и 10-ти мај лани во кумановската „Дива населба“, повторно е отворено за јавноста. Судењето неколку месеци се водеше зад затворени врати кога беа изведувани докази обезбедени со посебни истражни мерки.

Според информациите, се сослушуваат последните сведоци предложени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Од следното рочиште се очекува одбраната да почне со изведување на доказите.

Процесот трае една година. Судењето почна лани во почеток на јуни, откако судот ги спои предметите „Дива населба“ и „Молња“, во кои вкупно 37 лица се осомничени за тероризам и за терористичка организација.

На 9-ти и на 10-ти мај лани во кумановската населба, вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.