Канада го предупреди Вашингтон за „НАФТА“

09.02.2017 12:09

Министерката за надворешни работи Кристија Фриланд, по средбата во Вашингтон со новиот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон, нагласи дека земјата ќе ги застапува своите интереси

Канада ја предупреди новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп дека ќе преземе соодветни мерки, ако САД воведат нови царини.

Министерката за надворешни работи Кристија Фриланд, по средбата во Вашингтон со новиот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон, нагласи дека земјата ќе ги застапува своите интереси доколку биде ревидирана Северноамериканската спогодба за слободна трговија, позната како „НАФТА“.

Спогодбата беше склучена заедно со Мексико во 1992 година.