Франција: Силна експлозија во нуклеарна централа, има повредени

09.02.2017 12:49

Според првичните информации, има и повредени. Инцидентот се случил во десет часот изутрината според локално време. До експлозијата дошло во срцето на централата, но надвот од нуклеарната зона.

Силна експлозија се случи во нуклеарната централа „Фламанвил“ на северозапад во Франција. Според првичните информации, има и повредени. Инцидентот се случил во десет часот изутрината според локално време. До експлозијата дошло во срцето на централата, но надвот од нуклеарната зона.

Локалните медиуми пишуваат дека во моментот на експлозијата во собата со машини имало седум луѓе. Безбедносните служби и возила на брзата помош во неколку центри во областа манш, каде што се наоѓа фламанвил се упатиле на лице место.

Во електраната гори огромен пожар, а небото е исполнето со црн чад.

Општинските власти соопштиле дека не бил активиран посебен план за интервенции бидејќи не постоела нуклеарна опасност.

Не е познато поради што дошло до екплозијата, но медиумите ги пренесуваат изјавите на властите кои ги уверуваат граѓаните дека не постои ризик од истекување радиоактивниматеријали.

Нуклеарната централа „Фламанвил“ има два реактора, а третиот би требало да го добие наредната година.

 

Марина Автовска