Европски суд за човекови права: Новинарите незаконски отстранети од Собранието

09.02.2017 13:51

Судот пресуди дека поради нанесена нематеријална штета, државата на шест новинари треба да им исплати по 5 илјади евра, во рок од три месеци од датумот на кој пресудата ќе стане конечна.

Евроскиот суд за човекови права донесе одлука за случувањата на 24-ти декември 2012-та година во македонското Собрание за време на дебатата за буџетот. Утврдено е дека со остранувањето на новинарите од собраниската галерија е прекршен членот 10 од Европската конвенција за човекови права што се однесува на слободата на изразување, а во постапката пред Уставниот суд бил повреден членот шест за фер судење.

Судот пресуди дека поради нанесена нематеријална штета, државата на шест новинари треба да им исплати по 5 илјади евра, во рок од три месеци од датумот на кој пресудата ќе стане конечна.

Постапката пред Евроскиот суд за човекови права беше покрената во октомври 2014-та година.

Од Здружението на новинарите на Македонија велат дека оваа пресуда е прва со која се утврдува повреда на слободата на изразување и е многу важна за демократијата и за владеењето на правото во земјава.