Груевски-Хан: ЕУ не сака да се меша во одлуките за формирање влада
Еврокомесарот Хан нагласил дека ЕУ не сака да се меша во тоа кој со кого ќе коалицира и какви одлуки ќе донесат македонските партии...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и еврокомесарот Хан разговарале за организирањето и резултатите од изборите, постизборниот период и обидите за создавање коалиција, како и за зрелоста на ситуацијата за нови парламентарни избори, коишто би се организирале заедно со локалните, велат од партијата.
Размениле мислења и за законот за употреба на јазиците, за Специјалното јавно обвинителство, платформата на албанските партии како и за плановите и целите доколку ВМРО-ДПМНЕ формира влада.
Еврокомесарот Хан нагласил дека ЕУ не сака да се меша во тоа кој со кого ќе коалицира и какви одлуки ќе донесат македонските партии во однос на креирањето колиција и влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
