Тимоние: Формирање влада во најскоро време

13.02.2017 14:51

На средбата со градоначалникот на Гостивар и потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта, се разговарало и за процесите во развојот на демократијата и пристапувањето во Европската унија.

На Македонија ѝ е потребно формирање влада во најскоро време, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Нагласи дека Франција ја поддржува Македонија како суверена држава.

На средбата со градоначалникот на Гостивар и потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта, се разговарало и за процесите во развојот на демократијата и пристапувањето во Европската унија.

Државата не е во состојба на криза, но ние како амбасада, сепак сме на став дека не треба да се губи време при формирањето влада. Посакуваме вашата земја да биде стабилна и да напредува во правец на воспоставување на демократски вредности и дека ќе стане држава на граѓаните. Важно е да преовладува мир и да нема конфронтации, бидејќи во спротивно сите би изгубиле, изјави амбасадорот Тимоние.

Домаќинот на средбата, Невзат Бејта, го потврди ставот дека формирањето на влада е неопходно да се случи во поскоро време, која, како што рече, треба да биде прифатлива за мнозинството граѓани во нашата држава.