Завршна вежба на специјалците на МВР и АРМ под менторство на инструктори од САД

13.02.2017 14:58

Во базата на Единицата за брзо распоредување, завршна вежба од обуката на припадниците на специјалните единици на МВР и на АРМ со инструктори од специјалните единици на САД. Ќе следуваат уште 27 вакви обуки во разни сегменти.

Непријателска група држи под опсада објект од витално значење. Македонските специјални единици од војската и полицијата во справување со ситуацијата.

Единицата за брзо распоредување, Тигрите и Волците го неутрализираат непријателот. Вежбата изведена под инструкции на американските специјалци, по тринеделниот тренинг.

Според министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, професионалната поддршка и успешната обука претставуваат клучни моменти за законските обврски на полицијата.

Ова е прва, од планираните 27 вежби што треба да се реализираат со парнерите од САД.

„Трупите на АРМ и МВР функционираат заедно- така двете страни ќе бидат поефикасни во справувањето со тероризмот, а граѓаните побезбедни“, оцени американскиот амбасадор Бејли.

Дипломатот ја истакна важноста за состанокот на НАТО кој треба да се одржи неделава во Брисел, на кој министрите за одбрана ќе дискутираат за партнерствата и за подобра соработка во борбата против тероризмот.

Наташа Гркова- Петрушевска