„Диво насеље“: Искази на сведоци предложени од одбраната
На новото рочиште за „Диво насеље“ дадоа исказ сведоци предложени од одбраната. Во четвртокот се читаше писмениот исказ на сведокот на обвинителството. В петок почнува распитот на 37-мината обвинети за тероризам и терористичко организирање.

Обвинетиот Арсим Бајрами бил добар полицаец, сведочеше неговиот колега Игор. Тој посочи дека го сретнал Бајрами на 9-ти мај во селото Речица. Бајрами му рекол дека ќе оди во полициската станица, бидејќи го повикале иако бил на боледување.
Ирфан Љутфиу, пак, бил вреден бербер, сведочеше неговиот клиент Момчило. Љутфиу го шишал неговиот син токму спроти настаните во Диво насеље. Уште петмина сведоци дадоа слични искази за докажување алиби.
Според одбраната, нивните сведочења јасно покажуваат дека ниту еден од обвинетите не бил присутен на немилите настани. На рочиштето во петок ќе бидат сослушани и обвинетите.
Претходно во судницата адвокатот Рауфи реагираше бидејќи не му беше дозволено да им поставува прашања на сведоците. Судијката му одговори дека за да поставува прашања требало и тој да ги има предложено истите луѓе за сведоци.
Ова според него преставува повреда на ЗКП што ќе ја посочи и во завршните зборови и при обжалувањето на обвинителниот акт.
Фиљана Кока
