Превезувал 300 килограми дрога: Македонски државјанин уапсен на граничен премин меѓу Турција и Грција
16.02.2017 11:54
Тимовите на дирекцијата за граници, криумчарење и разузнавање се посомневале и го ставило возилото на ренген, по што во скриен простор во приколката е пронајдената дрогата.

На граничниот премин Ипсала меѓу Турција и Грција е упсен 60 годишен државјанин на Македонија, пренесува агенцијата Анадолија. Тој возел шлепер со приколка, во која превезувал речиси 300 килограми дрога.
Тимовите на дирекцијата за граници, криумчарење и разузнавање се посомневале и го ставило возилото на ренген, по што во скриен простор во приколката е пронајдената дрогата.
Возачот е приведен и пренесен во судот, каде што ќе му се суди за меѓународно шверцување дрога.
