Државните институции ги стандаризираат геопросторните податоци
Целта е да се стандардизираат податоците за производите или услугите. Во наредниве два дена ќе се обучуваат 20 субјекти за креирање на мета податоци. За првпат ќе се прикажуваат јавните податоци пред приватниот сектор.

Агенцијата за катастар согласно Законот за национална инфраструктура за просторни податоци ќе формира регистар на збирки од 32 сета на просторни податоци од институциите во Македонија.
Целта е да се стандардизираат податоците за производите или услугите. Во наредниве два дена ќе се обучуваат 20 субјекти за креирање на мета податоци. За првпат ќе се прикажуваат јавните податоци пред приватниот сектор.
Претставници на 20 државни институции се обучуваат во врска со креирањето на метаподатоците. Ќе се подготви и регистер во кој точно ќе се дефинираат надлежностите од 32-та сета просторни податоци кои ги има Македонија, изјави првиот човек на Агенцијата за катастар, Славче Трпевски.
