Пожар на Нов Зеланд, евакуирани над 1.000 луѓе

16.02.2017 12:22

Објавена е вонредна состојба, а премиерот Инглиш ги откажа сите професионални ангажмани за да им помогне на луѓето.

Стотици пожарникари учествуваат во гасењето на пожарот на Нов Зеланд. Над 1.000 лица се евакуирани, а 11 куќи изгореа во пожарот во новозеландскиот град Крајстчрч.

Објавена е вонредна состојба, а премиерот Инглиш ги откажа сите професионални ангажмани за да им помогне на луѓето.

Причината за пожарот е непозната.