Се намалува бројот на заболени од грип
16.02.2017 14:07
Најмногу заболени за оваа недела се пријавени во Охрид, а најголемиот број од заболените се на возраст од 15 до 64 години.

Институтот за јавно здравје ги објави новите податоци за грипот. Во шестата недела од годинава се пријавени 386 новозаболени, што претставува намалување од 31,4 проценти во однос на претходната седмица. Од Институтот објаснуваат дека нивото на интензитет е многу ниско.
Најмногу заболени за оваа недела се пријавени во Охрид, а најголемиот број од заболените се на возраст од 15 до 64 години.
Вкупниот број на заболени од грип во сезоната изнесува 33 илјади 883 луѓе. Вакцинирани се вкупно 26 илјади 665 лица, потрошени се речиси сите набавени вакцини.
