Расте интересот на повозрасните за факултетска диплома

20.02.2017 15:54

Се зголемува бројот на повозрасни граѓани кои искористиле помош од државата за да се стекнат со факултетска диплома. Годинава на конкурсот аплицирале 130 кандидати.

Се зголемува бројот на повозрасни граѓани кои искористиле помош од државата за да се стекнат со факултетска диплома. Преку проектот „30- 35“ го комплетираат високото образование на некој од четирите државни универзитети. Годинава на конкурсот аплицирале 130 кондидати.

„Корисниците на овој проект во изминатите седум години се пријавувале за речиси сите струки понудени со конкурсите, но најмногу за студиските програми од техничките, природно-математичките и медицинските науки. Согласно со реалната состојба на пазарот на трудот, тие се и дефицитарни и обезбедуваат поголема можност за вработување и економска сигурност на поединецот“, изјави заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Преку овој проект, мажи над 35 и жени над 30 години се запишуваат на факултет, стекнуваат со статус на вонредни студенти, а плаќаат годишен износ на кофинансирање од 200 евра. Проектот се реализира седма година по ред.

Бенифициите од проектот „30- 35“ изминатите 7 години ги искористиле 2.000 граѓани.

Според податоците на Министерството за образование, процентот на население на возраст од 30 до 34 години со високо образование се зголемил на речиси 30 проценти.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска