Јанева и тимот обвинители кај Аневски за „Пуч“

20.02.2017 16:55

Јанева кај Аневски. Петмина специјални обвинители образложувале зошто се откажале од кривичен прогон на обвинетите во случајот „Пуч“. Јанева вели дека разговарале и за други предмети. Нема детали. Договориле ваквите средби по потреба да продолжат и во иднина.

Тимот на Јанева сѐ уште не го предал предметот „ПУЧ“ на Советот на јавни обвинители. На денешната средба се очекуваше Јанева и истражителите од Специјалното јавно обвинитество да појаснат зошто се откажаа од предметот и дали било законско откажувањето од кривично гонење на петмина опфатени во„Пуч“. Таа рече дека има потреба од уште средби за да се утврдат фактите, за да се врати случајот. Изјави и дека не разговарале само за „Пуч“.

Работната средба следува по писменото барање на Советот за предавање на увид на списите по предметот „Пуч“. Истражителите од Специјалното јавно обвинителство и членовите на Советот решиле со вакви средби да продолжат и во иднина, се вели во соопштението од Советот на јаввни обвинители.

СЈО изминатиот месец го повлече обвинението за „Пуч“ со објаснување дека фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите во истрагите за случаите „Таргет“ и „Тврдина“.

СЈО во декември 2015-тата го презеде случајот „Пуч“, кој дотогаш беше во надлежност на Основното јавно обвинителство. За шпионажа и за вршење насилство врз највисоките државни органи беа обвинети шестмина, меѓу кои и лидерот на опозицијата Зоран Заев и поранешниот разузнувач Зоран Верушевски.

Пред стартот на главната расправа, обвинетиот Звонко Костовски призна вина и се спогоди со Обвинителството, по што му беше изречена тригодишна затворска казна.

 

Наташа Гркова- Петрушевска