Мал авион се урна во трговски центар во Мелбурн, има жртви

21.02.2017 10:27

Авионот се урнал набрзо по полетувањето од аеродромот во Есендон. Причина за несреќата бил дефект во моторот на леталото.

Петмина патници загинаа откако се урна мал авион во шопинг центар во близина на австралискиот град Мелбурн. Причина за несреќата бил дефект во моторот на леталото.

„Имаме неколку жртви во најлошата несреќа на цивилната авијација во државава. Сочувство до семејствата, ние ќе им дадеме поддршка“, изјави Кевин Ендрјус, премиер на Викторија.

Авионот се урнал набрзо по полетувањето од аеродромот во Есендон. Во моментот на несреќата трговскиот центар не бил отворен.