Железничкиот сообраќај сѐ уште блокиран

21.02.2017 10:30

Вчера менаџментот на претпријатието седна на маса заедно со претставници на Владата за да се најде решение за овој проблем. Засега нема одговор дали и што е договорено.

Сѐ уште е блокиран железничкиот сообраќај поради штрајк. Вработените бараат да им се исплати јануарската плата. Синдикалците велат дека веднаш штом ќе ги добијат платите, ќе го прекинат штрајкот. Не сообраќаат ниту товарните, ниту патничките возови.

Вчера менаџментот на претпријатието седна на маса заедно со претставници на Владата за да се најде решение за овој проблем. Засега нема одговор дали и што е договорено. Од Министерството за транспорт велат дека се веќе префрлени 390 милиони денари за помош на работењето на Железница.

По Евзони, прекинот на железничкиот транспорт ќе доведе до нови загуби  на компаниите, ако се земе предвид фактот колкав процент на транспорт на суровини се врши по железницата, предупредуваат од синдикатот.

Агенцијата за безбедност во железничкиот сообраќај деновиве доставила записник со кој било наложено да се одвива минимум железнички сообраќај.