Петмина уапсени во антитерористичка акција во Лондон

21.02.2017 11:41

Осомничени се за подготвување напади и план за приклучување кон една терористичка организација.

Петмина тинејџери се уапсени во Лондон во рамките на антитерористичка истрага.

Осомничени се за подготвување напади и план за приклучување кон една терористичка организација. Полицијата не прецизираше дали се работи за Исламска држава.