Во поштенска пратка пронајден килограм хашиш
При физички преглед на пратката, од страна на царински службеник во присуство на претставник од курирската пошта- превозник на пратката, е пронајден хашиш смола- наркотична дрога, со тежина од 1 килограм.

На аеродромот „Александар Велики“- отсек за стоково царинење, царинските службеници спречија обид за нелегелно внесување на 1 килограм хашиш смола.
Саботата во царинска испостава на скопскиот аеродтом, пристигната е пратка испратена од Словенија, за примач - физичко лице од Скопје, во која стои опис на стока –Samples (1 парче) со вредност од 20 евра.
При физички преглед на пратката, од страна на царински службеник во присуство на претставник од курирската пошта- превозник на пратката, е пронајден хашиш смола- наркотична дрога, со тежина од 1 килограм.
Царинската управа против осомничениот ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.
