Мекмастер- нов советник за национална безбедност на САД
21.02.2017 11:48
Мекмастер ќе го замени Мајкл Флин, пензионираниот генерал кој беше разрешен од должноста само по 24 дена на оваа функција.

Американскиот претседател Доналд Трамп го наименува генерал-полковник Мекмастер за нов советник за национална безбедност. Во моментов тој е првиот човек на Центарот за интеграција на воените капацитети, а целата кариера ја поминал во американските оружени сили.
Мекмастер ќе го замени Мајкл Флин, пензионираниот генерал кој беше разрешен од должноста само по 24 дена на оваа функција.
Трамп тогаш изјави дека е неприфатливо тоа што Флин го лажел потпретседателот Мајк Пенс за контактите што ги имал со рускиот амбасадор во Вашингтон во периодот пред инаугурацијата на новиот претседател.
