СВР Охрид трага по убиецот, се преземаат мерки за расчистување на случајот

21.02.2017 12:14

Полицијата трага по убиецот кој вчера влегол во стан на улица „Галичица“ во Охрид и ја прободил 67 годишнта сопственичка нанесувајќи и смртоносни убоди по вратот и телото.

СВР Охрид трага по убиецот кој вчера влегол во стан на улица „Галичица“ во Охрид и ја прободил 67 годишнта сопственичка нанесувајќи и смртоносни убоди по вратот и телото.

Сторителот извршил пребарување низ собите, ја заклучил влезната врата и незабележан го напуштил станот, покажал увидот, информираат од СВР Охрид.

По наредба на јавниот обвинител, телото е предадено на обдукција во Медицинскиот центар во Битола. 

Од СВР Охрид велат дека преземат интензивни мерки за расчистување на кривичното дело .