Петмина загинати во авионска несреќа во Мелбурн
Пет жртви во најтешката авионска несреќа во цивилното воздухопловство во австралиската сојузна држава Викторија. Среќа во несреќа е што трговскиот центар врз кој се урнал малиот авион бил затворен. Освен човечки жртви, предизвикана е и голема материјална штета.

Петмина патници загинаа откако се урна мал авион во шопинг центар во близина на австралискиот град Мелбурн. Четворица биле американски државјани, а пилотот бил Австралиец. Причина за несреќата бил дефект во моторот на леталото.
„Само за неколку минути стигнаа пожарникарите, авионите и полицијата. Блокираа се набрзина. Хаотично беше“, вели сведок на несреќата.
„Имаме неколку жртви во најлошата несреќа на цивилната авијација во државава. Сочувство до семејствата, ние ќе им дадеме поддршка“, изјави Кевин Ендрјус, премиер на Викторија.
„Дефектот во моторот беше од катастрофални размери, а може да се каже дека и самиот авион беше во лоша состојба. Предизвикана е и голема материјална штета“, изјави Стивен Лини, полиција.
Петтемина тргнале од Еседон, вториот по големина аеродром во Мелбурн, на голф излет, а пилотот пријавил проблем со моторот. Во моментот на несреќата трговскиот центар не бил отворен, со што е избегната уште поголема катастрофа.
Маја Филдишев
