Продолжува штрајкот на новинарите од МПМ

21.02.2017 12:59

Прекинот на работата е заради неисполнетите барања за плата и за хонорари.

Петти ден штрајкуваат новинарите и медиумските работници во редакциите на „Медиа Принт Македонија“. Прекинот на работата е заради неисполнетите барања за плата и за хонорари.

Самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници и штрајкувачките одбори, велат дека станува збор за легитимна акција која не е со цел да се наруши угледот на весниците ниту на МПМ.