Во сообраќајка повредени илегално превезувани мигранти
21.02.2017 13:57
При увидот полицијата утврдила дека патници во возилото се 6 мигранти. Возачот ќе одговара за кривични дела криумчарење на мигранти и за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Македонски државјанин превезувајќи мигранти направил сообраќајна несреќа во Струмица. Тој изгубил контрола на возилото и излетал од патот, притоа удирајќи во столб од улично осветлување.
При увидот полицијата утврдила дека патници во возилото се 6 мигранти. Возачот ќе одговара за кривични дела криумчарење на мигранти и за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка за овие дела. На распит се и мигрантите кои биле во возилото.
