Ле Пен: Асад е најприфатливото решение за Франција

21.02.2017 14:29

Ле Пен смета дека сирискиот претседател Асад е најприфатливото решение за Франција во однос на војната со Исламска држава, што е сосема спротивно на политиката на официјален Париз.

Лидерката на Националниот фронт на Франција, Марин Ле Пен смета дека сирискиот претседател Асад е најприфатливото решение за Франција во однос на војната со Исламска држава, што е сосема спротивно на политиката на официјален Париз.

Ултрадесничарката и нејзината партија тврдат дека муслиманските доселеници во Франција го зголемуваат ризикот од тероризам, ги крадат работните места и земаат средства од државниот буџет.