Баварија забрани прекривање на лицето со превез

22.02.2017 10:24

Според министерот за внатрешни работи, криењето на лицето не е во согласност со германската култура на комуницирање.

Баварската Влада одобри предлог-закон со кој се забранува жените целосно да го прекриваат лицето со превез на јавни места. Според министерот за внатрешни работи, криењето на лицето не е во согласност со германската култура на комуницирање.

Во Баварија пристигнаа стотици илјади бегалци и мигранти во 2015 година. Премиерот Хорст Зехофер е еден од најгласните критичари на политиката на отворени врати за мигрантите што ја спроведува канцеларката Ангела Меркел.