„Амнести интернешнал“: Во светот расте говорот на омраза
Минатата година била година на цинична реторика заснована на односот „ние против нив“, при што заканите, омразата и стравот добиле глобални размери до ниво слично на 30-тите години на минатиот век, кога нацистичкиот лидер Адолф Хитлер дојде на власт во Германија.

Според организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешнал“, политичките лидери ја поттикнуваат омразата, создавајќи страв и вознемиреност меѓу одредени категории луѓе.
Минатата година била година на цинична реторика заснована на односот „ние против нив“, при што заканите, омразата и стравот добиле глобални размери до ниво слично на 30-тите години на минатиот век, кога нацистичкиот лидер Адолф Хитлер дојде на власт во Германија.
Меѓу лидерите кои во своите настапи манифестирале говор на омраза, организацијата ги посочува претседателите на САД, Турција и Филипините, Доналд Трамп, Реџеп Таип Ердоган и Родриго Дутерте, како и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
