Малезиската полиција сомничи дипломат од Северна Кореја за убиството на Ким Јонг- Нам
22.02.2017 11:06
Уште еден осомничен за случајот е поврзан со државната авиокомпанија на Северна Кореја.

Полицијата во Малезија трага по лице од Амбасдата на Северна Кореја како осомничен за убиството на Ким Јонг- Нам. Уште еден осомничен за случајот е поврзан со државната авиокомпанија на Северна Кореја.
„Бараме тројца државјани на Северна Кореја покрај претходно осомничените лица. Еден од нив е и Хијон Кванг Сонг, секретар во амбасадата на Северна Кореја во Куала Лумпур“, изјави Калид Абу Бакар, шеф на полиција.
Минатата недела малезиските власти уапсија Севернокореец и две жени од Виетнам и Индонезија во врска со убиството. Ким Јонг- Нам беше убиен со отровни стрелки.
